Паје со опасна провокација: Го претстави Нејмар како – расплакано куче! (ФОТО)

Фудбалерите на Марсеј го победија ПСЖ со 1-0 среде Париз во второто коло од францускатa Лига 1, а мечот го одбележа тепачка во финишот, при што беа доделени пет црвени картони.

Еден од исклучените фудбалери беше Нејмар, кој го удри противникот, откако тој наводно го навредувал на расна основа.

Сепак, тоа предизвика контра-реакција од страна на Димитри Паје од Марсеј, кој објави фотомонтажа на социјалните мрежи, на која Бразилецот го претстави како - расплакано куче.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

En bande organisée C’est pas la capitale c’est Marseille bb

A post shared by Payet Dimitri (@payetdimitri27) on