Осогово го бара Мурињо од „Скај Спорт“ за да им биде тренер (ФОТО)

Македонскиот второлигаш Осогово остана без тренер по четири одиграни кола, откако стратегот Александар Андов ја раскина соработката.

Махерите за социјални мрежи од Осогово на Твитер-профилот објавија интересни пораки, кои ги разменувале со „Скај Спорт“.

Тие прашаа колку „ретвитови“ се потребни за да му дозволи „Скај Спорт“ на Жозе Мурињо, кој работи кај нив како стручен коментатор, да им биде тренер, а одговорот од медиумот беше - 100.000.

Засега кочанци имаат 650 „ретвитови“, па ќе им требаат уште многу за да го „добијат“ Португалецот.