Неверојатно: Спорт ќе има само на МТВ, сите останати канали се – укинуваат!?
За спортските вљубеници ова можеше да биде огромен удар, бидејќи сѐ додека не се реши овој проблем, преноси од омилените натпревари ќе може да следат само на МТВ, каде што понудата ионака е ограничена. Првиот удар требаше да се случи уште вечерва, секако ако оператерите ги остварат заканите, бидејќи ќе бидат укинати каналите на Арена спорт кои во нашата држава ги пренесуваат средбите од Лигата на шампионите. Ова значи дека средбите помеѓу Наполи и Барселона, односно Челси и Баерн Минхен ќе може да ги гледаат само тие што имаат сателитски или интернет пристап до телевизиски канали, односно преку популарните Дримбоксови и ИПТВ-приемниците.
Истото се однесува и на утрешните дуели помеѓу Лион и Јувентус односно Реал Мадрид и Манчестер сити, задутрешните пресметки од Лига Европа и буквално сѐ што е поврзано со спортот, а што не се пренесува на националниот ТВ-сервис.
„Одлуката за прекин на реемитувањето на телевизиските канали ќе биде на сила сè додека надлежните институции не изнајдат прифатливо решение со кое ќе се стават вон сила спорните законски одредби“, велат операторите.
Тие воедно најавуваат дека корисниците на ТВ-услугите нема да плаќаат додека трае прекинот.