Вечерва нема исклучување на Арените, може да гледате ЛШ на раат! (ФОТО)

Операторите кои редистрибуираат домашни и странски телевизиски канали од вечерва требаше да го прекинат емитувањето на некои програми од понудата, освен тие на МРТВ поради измените на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), но за среќа тоа нема да биде удар за спортските љубители во моментов, кои ќе може на раат да гледаат Лига на шампиони (ЛШ).

Иако беше најавено дека ќе бидат прекинато емитувањето на каналите на Арена спорт, кои во Македонија ги пренесуваат дуелите од Лигата на шампиони, сепак такво нешто нема да се случи откако се огласи „Телеком“ и објасни за што станува збор.

„Здраво, вечерва нема да има исклучување. Одлуката за точниот датум ја носи Здружение на ИКТ каде членуваат сите оператори. Согласно досега објавените информации исклучувањето ќе биде за сите домашни и странски ТВ канали, не само за спортските. Се надеваме дека наскоро ќе се најде соодветно решение“, порачаа од „Телеком“.