Мрме со Таџикистан го сруши Оман и обезбеди финале на Купот на кралот (ВИДЕО)
Одлуката падна во 60. минута, кога Шеридин Бобоев беше сигурен од белата точка и го постигна единствениот погодок на натпреварот. Неговиот гол се покажа како доволен за голем триумф на таџикистанската селекција, која успеа да ја зачува предноста до последниот судиски свиреж.
За Таџикистан ова е значаен успех на турнирот во Тајланд, на кој настапува под водство на македонскиот стратег Игор Ангеловски. Неговиот тим сега ќе има можност да се бори за трофејот на завршниот натпревар.
Противникот на Таџикистан во финалето ќе биде познат по второто полуфинале, во кое се среќаваат домаќинот Тајланд и Брунеи. Финалниот натпревар, како и дуелот за третото место, е предвиден за 17 ноември во Сисакет.