Кој чека, ќе дочека: Свитолина по шест години конечно ја победи Сабаленка!

Украинската тенисерка, Елина Свитолина, направи големо изненадување на завршниот ВТА турнир во Индијан Велс, откако во три сета ја совлада Арина Сабаленка (6-3, 3-6, 6-1) и се пласира во полуфиналето.

Откако го загуби вториот сет, Свитолина целосно ја презеде контролата на теренот. Во решавачкиот трет сет таа демонстрираше апсолутна доминација, препуштајќи ѝ на ривалката само еден гем, со што стигна до својата прва победа против Сабаленка по пауза од повеќе од шест години. Украинката, која претходно го освои завршниот турнир во 2018 година, во денешното полуфинале ќе ги одмери силите со чешката тенисерка Линда Носкова.

Сабаленка ја завршува сезоната на исклучително разочарувачки начин. Иако годината ја започна одлично со титула во Бризбејн, а потоа триумфираше и на престижните турнири во Индијан Велс и Мајами, Белорусинката по месец март не успеа да освои ниту еден трофеј. Дополнителен удар за нејзината кариера оваа сезона беше и падот од лидерската позиција на светската ВТА листа по Ју-Ес Опен, позиција која ја презеде Елена Рибакина.