Салах го собори рекордот стар 20 години и стана најефикасен фудбалер на Египет во историјата
Со двата погодока, Салах стигна до бројката од 70 голови на 123 настапи за египетската репрезентација и го надмина досегашниот рекордер Хосам Хасан, кој кариерата во националниот дрес ја заврши со 69 погодоци на 176 натпревари. Рекордот на Хасан важеше од 2006 година кога тој ја заврши својата репрезентативна кариера.
До израмнување на рекордот Салах дојде во 84. минута, кога ја затресе мрежата за водство од 4-0. Историскиот момент го комплетираше во судиското продолжение, реализирајќи пенал за конечните 5-0. Пред неговите два гола, мрежата на Малави ја погодија Насер Махер, Омар Мармуш и Мохамед Хани, сите во првото полувреме.
Со ова достигнување, Салах уште еднаш го потврди своето огромно значење за египетскиот фудбал, а пред него сега е можноста дополнително да го зголеми рекордот и да постави граница што ќе биде исклучително тешко достижна за следните генерации.