Проектил на Винисиус и еден од најубавите голови во дресот на Бразил (ВИДЕО)

Винисиус Жуниор повторно потсети на својата фудбалска магија, постигнувајќи спектакуларен погодок за Бразил на пријателскиот натпревар против Јапонија.

Во период кога е изложен на силни критики поради очајната форма, ѕвездата на Реал Мадрид одговори на најдобар можен начин – со вистинско ремек-дело. Во 33. минута испрати вистински проектил кон противничката мрежа, удар на кој јапонскиот голман немаше никаква шанса.

Топката заврши во мрежата по удар со огромна сила, а начинот на кој Винисиус ја затресе противничката мрежа веднаш го привлече вниманието на фудбалската јавност. Погодокот веќе се издвојува како еден од највпечатливите што бразилскиот ас ги постигнал во дресот на националниот тим.

Особено е интересен моментот во кој пристигна голот. По неколку неуспешни обиди и потези кои предизвикаа критики, Винисиус покажа дека е доволен само еден блесок за да ја промени сликата за неговото издание.