Неверојатно: 1.300 навивачи на меч на децата на Австрија Салцбург (ВИДЕО)

Фудбалерите на Австрија Салцбург на возраст до седум години уште долго ќе го паметат искуството од нивниот последен натпревар затоа што на трибините имаше дури 1.300 навивачи.

Навивачите имаа тапани и факели со нив, па создадоа атмосфера како да се на натпревар на сениорски екипи.