Не го бива ни за голф: Куман си добил лекција од Гвардиола (ФОТО)

Роналд Куман пред неколку дена доби потврда дека ќе остане тренер на Барселона за следната сезона. Холанѓанецот ја доби довербата на раководството на каталонскиот гигант и претседателот Жоан Лапорта.

Куман немаше добри резултати во минатата сезона, иако го освои шпанскиот Куп, но во поголем дел од сезоната Барселона играше полошо од очекуваното.

Многу навивачи на Барселона сметаат дека Куман е главен виновник за слабата игра, а тој на крајот ги обвини фудбалерите кои не покажале доволно на теренот.

Откако дозна дека ќе остане на кормилото на Барселона, Куман реши да се опушти и замина на голф, каде што се соочи против тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, но и таму беше поразен.