Навивачка креативност: Како миленикот да ja сочува мрежата – урнебесно го „затворија“ голот (ВИДЕО)

Холандски Емен е најлоша екипа во „Ередивизијата“, закован на дното со само пет бода и дури 41 примен гол, па на навивачите им се смачи да го гледааат очајот и решија да направат мала „герила акција“ на својот стадион.

Во битка да се зацврсти дефанзивата, немаа друго решение, освен да го излепат целиот гол и практично да го затворат со најлон и селотејп, колку да упатат порака дека очајно им требаат дефанзивни решенија.