Навивачите со нов трол: Фелаини со шутот ќе „убиеше“ редар! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед загуби со 1-3 од Ливерпул на „Енфилд“, а во центар на внимание по мечот беше еден удар на Маруан Фелаини, кој беше навистина ужасен.

Во второто полувреме од мечот Фелаини доби добра топка и имаше шанса да го врати својот тим во игра, но топката наместо во голот, Белгиецот ја испрати кон еден редар, кој седеше покрај теренот.

Фелаини ептен го промаши голот и тоа ги натера навивачите да се пошегуваат на негова сметка.