Навивачите на Ливерпул грмеа: Солшер мора да остане! (ВИДЕО)

Ливерпул славеше со убедливи 5-0 против Манчестер јунајтед во англиското дерби во деветтото коло, а по мечот гостинските навивачи на неверојатен начин го истролаа тренерот Оле Гунар Солшер.

Солшер е пред отказ од кормилото на „црвените ѓаволи“, но навивачите на Ливерпул грмеа на трибините и бараат Норвежанецот да остане на кормилото на гигантот.