Навивачите на Брајтон генијално одговорија на глупата парола на „романистите“ (ФОТО)

Битка меѓу Брајтон и Рома се водеше на теренот, но и на трибините меѓу навивачите, кои имаа што да си кажат преку поставување на транспаренти.

Навивачите на Рома во првиот меѓусебен меч во осминафиналето на Лига Европа имаа навредлива порака во која ја споменаа кралицата, а сега фановите на премиерлигашот им се одмаздија на генијален начин.

„Тоти сака ананас на пицата“, пишуваше на транспарентот на навивачите на Брајтон.

Познато е дека во Италија има непишани правила, а едно од нив е за храната, па така мнозинството Италијанци сметаат дека додавањето ананас на пица е „грев“.