Навивачи на Ливерпул со камења го нападнале автобусот на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид го доби првиот меч против Ливерпул со 3-1, а вечерва игра реванш на „Енфилд“, но ѕвездите на „кралскиот клуб“ доживеале мала непријатност.

Англиските медиуми објавија дека група навивачи на Ливерпул го нападнале автобусот во кој биле фудбалерите на Реал Мадрид, а притоа бил скршен еден прозорец.