Навивачи на Јунајтед со расистички пораки го навредуваа Погба

Откако Тами Абрахам, црномурестиот напаѓач на Челси, беше жртва на расистички напади од страна на навивачите на лондонскиот клуб, сега нешто слично му се случи и на Пол Погба.

Погба промаши пенал против Вулверхемптон во второто коло од Премиерлигата (1-1), па навивачите го нападнаа со расистички пораки.

„Погба е црнчуга... Погба, ти си дебела црнчуга...“, беа само дел од големиот број на расистички пораки испратени кон Французинот.