Навивач на интересен начин го чекал Гризман да дојде во Барселона (ФОТО)

Конечно заврши сагата за трансферот на Ентоан Гризман, кој се пресели во Барселона, а во центар на внимание се најде еден навивач поради интересен потег.

Еден навивач толку бил трпелив, што дури од 25 септември 2017 година секој ден објавувал фотографии од Гризман на својот Твитер профил.

По 655 дена може да здивне, зашто Французинот конечно потпиша за каталонскиот гигант. Нема сомнеж дека и останатите фанови на Барселона ја делат радоста со Шпанецот, кој упорно објавувал фотографии.

По официјалната потврда, Шпанецот добил одговор од профилот на Барселона, но и од Гризман.

Сега се обидува тоа да го направи и со Нејмар, но многумина се песимисти дека ќе дочека такво нешто.