Хрватска го почна Еуро 2020 со пораз на „Вембли“ од Англија (0-1), но „коцкестите“ и понатаму се во игра за пласман во втората фаза од првенството, а голема поддршка добиваат од нивните навивачи, меѓу кои е и најзгодната Хрватска, Ивана Кнол.

Девојката, која стана популарна поради својот стајлинг на Светското првенство (СП) во Русија, овој пат не беше на Островот да ѝ даде поддршка на својата репрезентација, но затоа тоа го направи преку социјалните мрежи, каде што постојано објавува фотографии.

Секако, тие фотографии предизвикаа и многу воздишки кај останатите фанови бидејќи Кнол секогаш објавува слики на кои во преден план ги става градите и задникот.