Најлудите пет минути во тенисот: Загуби натпревар затоа што „заглави“ во - тоалет! (ВИДЕО)

Даниел Галан Риверос е 22-годишен колумбиски тенисер, кој во понеделникот беше поразен во првото коло на Челинџер-турнир  од Хејлброн, а начинот на кој што го загуби мечот е неверојатен.

Откако Галан Риверс го освои првиот сет со 7-5 и вториот го загуби со 6-7, во третиот сет при резултат 2-1 за противникот мораше да оди во тоалет.

Кога истече времето предвидено за таква пауза меѓу гемови, судијата почна да брои: 0-15, 0-30, 0-40.

Кога тој се врати на теренот веќе беше 0-40, а тој не успеа да направи пресврт, па противникот направи брејк и на крајот славеше во сетот со 6-3.