На фудбалер му го сменија презимето зашто имал исто како најголемиот спонзорски ривал!?

Звучи чудно и нереално, ама во фудбалскиот бизнис има и неверојатни бизарни работи, како случкава во Костарика, каде на фудбалер „присилно“ му го сменија презимето зашто е исто како на ривалска компанија.

Станува збор за Џонатан Мекдоналд, членот на Алехуенсе, кој магично стана – Џонатан Бургер Кинг. Мекдоналдс и Бургер Кинг се два големи ривали на пазарот за брза храна, па на новиот спонзор на клубот, Бургер Кинг некако им бодело во очи тоа што еден фудбалер има презиме како нивниот најголем ривал.

И да е циркузот најголем, а сликите тоа го покажуваат, решиле место Мекдоналд над бројката да го има Бургер Кинг. Па, фудбалерот неволно истрчал на терен без своето презиме, иако имало полесна опција, да му стои името Џонатан.

И така, сега тој е мета на сеир поради „фудбалски бизнис“ - наместо Џонатан Мекдоналд да с е вика Џонатан Бургер Кинг.