Модна утка на векот: Сите ѝ се смеат на Роналдоица – на кафе отиде по влечки! (ФОТО)

Свршеницата на најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо, Георгина Родригез која чека близнаци со ѕвездата на Манчестер јунајтед, никогаш досега не излегла во јавност, а да не биде дотерана и да ги собере симпатиите и на модните критичари.

Ја фаќале папараците и во незгодни позиции, сама објавуваше и провокативни фотографии за да ги истакне облините, ама како што сега ја фатија на улица во Манчестер за да ја прогласат за модна утка на векот, никогаш светот ја нема видено.

Настрана што не е нашминкана, светот прсна од смеење откако се појави Роналдоица на улица со капут и – влечки. Плус на себе хулахопки, па тренинг чорапи... Ја фатиле папараците како доаѓа во едно кафуле во Манчестер.