ММА-борец осомничен за убиство на поранешен фудбалер на Ајакс

Поранешниот фудбалер на Ајакс, Лудогорец и Твенте, Јоди Лукоки почина на 29 години, откако во болница бил примен со повреди кои ги заработил за време на семеен собир.

Медиумите од Холандија објавија дека во тепачката учествувал ММА-борецот, Виктор кој се степал со Лукоки и неговото семејство пред ноќен клуб.

„Мојот клиент беше во клубот и слушна караница меѓу членови од семејството. Излезе и им удри неколку шлаканици за да ги смири“, кажа адвокатот на борецот.

Полицијата не можеше да потврди дали инцидентот бил пресуден за смртта на поранешниот фудбалер и соопшти дека ќе сослушаат и други сведоци.