Мексиканец лажел дека игра за Јувентус, дури давал и интервјуа!

Oбиди се, не губиш ништо. Тоа е веројатно паролата според која се водел младиот Мексиканец Дионисио Фарид, кој одлучил да измисли своја фудбалска кариера!

На социјалната мрежа Инстаграм, споменатиот Фарид изрежирал дека е професионален фудбалер и дека е член на италијанскиот шампион Јувентус!

На јавноста ѝ се претставил дека е член на У20 тимот на италијанскиот гигант и дека таму бил ангажиран откако скаутите на Јувентус го забележале на турнир во САД, а за да биде целата ситуација уште поинтересна, дури и мексиканските медиуми поверувале во приказната и Фарид им давал редовни интервјуа и зборувал за натпревари на кои никогаш не играл.

Фарид на својот профил објавувал и фотографии од тренинзите на младиот состав на Јувентус, а тој на нив осамнувал преку фотошоп, така што на телото на некој друг фудбалер ја вметнувал својата глава... Целата измам била откриена откако Јувентус соопштил дека во ниту една селекција во својот тим нема воопшто Мексиканец.

По ваквиот развој на настаните, Фарид го деактивирал својот профил на Инстаграм каде собрал речиси 16 илјади „фанови“, а моментно никој не знае ниту каде е...