
Мекгрегор ќе се кандидира за претседател на Ирска? (ФОТО)
Тој изненади многумина со својата објава на социјалните мрежи дека би можел да се кандидира за претседател на Република ирска. Изборите ќе се одржат во 2025 година, а потребно е кандидатот да биде поддржан од 20 пратеници или четири претставници на регионалнни власти.
„Мојата потенцијална конкуренција ако се кандидирам: Гери (78 години), Берти (75), Енда (74). Тие или... јас, 35-годишен, млад, активен, страствен, свеж во оваа игра. Слушам, поддржувам“, напиша, меѓу другото Мекгрегор.
Интересно е тоа што поддршка му даде Илон Маск кој во коментар му напиша дека сите тројца може да ги добие со една рака, порака која има двосмислено значење.