Мејведер ја избрка стриптизерката, па откако заработи 100 милиони, реши да ја врати дома (ФОТО)

Флојд Мејведер со неговата борба против Логан Пол заработи 100 милиони долари, иако многумина сметаат дека тоа била најлошата борба во историјата.

Мејведер пред борбата против Пол ја избрка неговата вереничка и стриптизерка Ана Монро затоа што треба да се подготви за борбата.

„Флојд бараше од Ана да се пресели затоа што сака да се сконцентрира на боксот и да се подготви за следните борби“, откри пријател на боксерот на британски „Сан“ пред борбата.

Откако заврши борбата и Мејведер заработи неверојатни 100 милиони долари, боксерот реши да си ја врати стриптизерката во неговиот дом.