Меч во Шведска доцнеше четири часа поради - оружен грабеж!

Натпреварот од шведскиот шампионат меѓу Калмар и АИК доцнеше од неколку бизарни причини. Сообраќајот кон Калмар беше блокиран поради оружен грабеж.

Неколку лица ограбиле една продавница блиску до местото каде што бил запрен автобусот на АИк, а потоа се случила сообраќајна несреќа.

Натпреварот требало да почне во 14.30 часот, но бил одложен. Сепак, фудбалерите на двете екипи се појавиле на теренот пред 18 часот.

Ваквиот расплет на настани очигледно влијаел врз двете екипи, па мечот заврши 0-0.