Маскирани хулигани го прекинаа мечот меѓу Олимпијакос и Баерн (ВИДЕО)

Средбата од третото коло во јуниорската Лига на шампиони меѓу Олимпијакос и Баерн Минхен беше прекинат во еден момент, откако група маскирани хулигани се појавија на теренот.

Фудбалерите почнаа да бегаат од хулиграните, но сепак на крајот ситуацијата на стадионот се смири, па мечот продолжи, а Баерн славеше со 4-0.

Олимпијакос сигурно ќе биде жестоко казнет поради пропустот, а мотивот на хулиганите засега не е познат.