Марадона не доаѓа во Кан на премиерата на филмот за себе зашто се – повредил

Аргентинската легенда Диего Армандо Марадона е голем малер, зашто новиот филм за неговата бурна кариера кој премиерно треба да биде прикажан во Кан (Франција) ќе мине без негово присуство поради – повреда.

Марадона го повредил рамото и поради тоа е спречен да дојде на аѕурниот бег. Недоаѓањето на Марадона го објавија продуцентите на филмот.

„Диего длабоко жали што не може да дојде, зашто не е во можност да се појави на премиерата“, рекока продуцентите.

Проблемот со рамото според нив бара „константна лекарска нега и процес на рехабилитација“, па тоа е пречка за тој да дојде во Франција, а Марадона најавил дека едвај чека да го погледне новиот филм за себе.

Филмот се базира на приказната за неговиот најголем успон во кариерата по трансферот од Барселона во Неапол, како и светската титула во Мексико со Аргентина, со посебно потенцирање на досега необјавени снимки од доаѓањето под Везув, како и за бурниот живот, падовите, екстравагантниот живот и борбата со наркотиците.

Филмот „Диего Марадона“ го режираше Асиф Кападија, кој го снимаше и филмот Сена за бразилската легенда во Ф1, Аиртон Сена, како и филмот „Ејми“, за животот на трагично починатата пејачка Ејми Вајнхаус.