Мува не го лази: Мајк Тајсон среде фестивал запали полуметарски џоинт (ФОТО)

Некогаш беше најопасниот човек на светот, а денеска Мајк Тајсон е „најнадуваниот“. Боксерската легенда на фестивалот за џоинт во Калифорнија, ја забавуваше публиката откако запали џоинт кој е долг пола метар.

Тајсон е еден од најголемите љубители на марихуната, боксерот има отворено и ранч во Калифорнија каде што огледува канабис. Мора да се напомене дека Тајсон го отвори ранчот, откако Калифорнија ја легализираше марихуаната за рекреативни цели.