Лудница во Буенос Аирес: Навивачите трчаа по посмртните останки на Марадона (ВИДЕО)

Откако цел ден беше оставено во претседателската палата, телото на Диего Марадона тргна кон едни од градските гробишта во Буенос Аирес, а стотици граѓани тргнаа да трчаат по него низ улиците на аргентинскиот град.

Низ улиците имаше граѓани кои го испраќаа Марадона, кој вчера почина во неговиот дом од срцев удар на 60-годишна возраст. Кога возилото со телото на фудбалскиот бог забрза по улиците, се приклучија граѓани на мотори, а полицијата мораше да ги брка затоа што тие премногу се приближија.