
Лудиот Евра му испеа песна на Роналдо за добредојде во Јуве! (ВИДЕО)
Евра му беше соиграч на Роналдо, но играше и во Јувентус, така што оваа спојка него мора да му се допаѓа. Тоа го потврди со пораката која му ја прати на Португалецот преку песна, на Инстаграм.
Му ја пее „Со тебе ќе заминам“ (Con te partiro), од Андреа Бочели, но со свој текст. Неговата верзија е со тебе ќе победам.
„Со тебе ќе победам, Јувентини ќе го видите најдобриот фудбалер на светот, тој се вика Кристијано Роналдо. Ќе победам.“, пее Евра.
Понатаму тој го предупреди за италијанскиот фудбал, почнувајќи од пријателскиот меч на 12 август, на кој Роналдо ќе дебитира.
„Рони, знам дека мислиш дека си брз, но по натпреварот во Вилар-Пероза, ќе мора да бегаш пријателе. Знам дека имаш пет 'Златни топки', но така одат работите во Јувентус“, додаде Евра.
Тој и Роналдо беа заедно три години во Манечстер јунајтед (2006-2009), а потоа Роналдо замина во Реал. Евра остана до 2014 година, кога замина во Јувентус, а во „Старата дама“ помина уште три сезони. Во моментов Евра е играч на Вест Хем.