Лацио ќе ги „враќа“ навивачите на трибини на необичен начин (ФОТО)

Лацио соопшти дека ќе им дозволи „присуство на нивните навивачи“ на „Олимпико“, кога конечно италијанската Серија А ќе продолжи. Сепак, тоа нема да биде на вообичаениот начин, туку имаат друга идеја.

Серија А е суспендирана уште од 10 март, но медицинскиот протокол конечно беше договорен минатата недела и клубовите може да организираат групни тренинзи, што е добар знак за натпреварувањето.

„Клубот размислуваше за тоа на навивачите да им даде шанса да бидат тука кога ќе почнат натпреварите. Можам да откријам дека работиме на тоа и следната недела ќе бидат познати повеќе детали. Ќе им дозволиме на тие што сакаат да испратат фотографии, кои потоа ќе ги поставиме на нивните седишта на стадионот... Подоцна ќе објасниме како навивачите можат да учествуваат зашто правиме посебна веб-страница“, соопштија од Лацио.