Куче го прекина мечот помеѓу Аргентина и Чиле – со заби ја скина топката (ВИДЕО)

Набрзо по почетокот, синоќешниот натпреварот помеѓу кошаркарските селекции на Чиле и Аргентина беше прекинат и тоа поради бизарна причина - истрчување на куче на паркетот.

Кон средина на првиот период, кога Чилеанците имаа минимално водство (7-6), на теренот неочекувано влета најдобриот пријател на човекот и тоа со издишана топка во забите.

Кучето можеше да повреди еден од кошаркарите на Аргентина, кој едвај го прескокна, додека обезбедувањето имаше проблем да го фати. На крајот додавањето заврши надвор од салата, а Чиле ги совлада „гаучосите“ со 79-77.