Кристијано Јуниор јавно кажа: Меси ми е идол! (ФОТО)

Кристијано Роналдо сигурно се гордее со својот син и со фудбалскиот талент што го покажува уште во рани години, меѓутоа знаејќи го неговиот егоцентризам и ривалството со Лионел Меси, сигурно не му паднало убаво кога ја видел објавата на својот син на Инстаграм, од вчера.

Кристијано Јуниор има сопствен Инстаграм и на него објави фотографија од доделувањето на наградите на најдобрите, во Лондон минатиот месец, како се поздравува со Меси.

Самата фотографија не е толку проблем, да не беше описот на неа.

„Ти благодарам идолу мој“, напишал Кристијано Јуниор.

Едно е светските медиуми да го „тролаат“ Роналдо како син му се огледува на Меси, како зјапа во него со восхит, но самостојно признание од седумгодишниот Кристијано е нокаут за Португалецот.

Сепак, тој нема да има ништо против син му да порасне во поголем фудбалер и од него и од Меси, макар и се восхитувал на Аргентинецот во тој процес.

 

gracias mi ídolo 🙏🏽❤️ @leomessi

A post shared by Cristiano Junior (@mrahunter) on