Кошаркар на Филаделфија се истепа со навивачи пред НФЛ-меч (ВИДЕО)

Кошаркарот на Филаделфија, Мајк Скот физички се пресмета со навивачите пред НФЛ-мечот меѓу Филаделфија и Вашингтон.

Караницата се случила, откако Скот пристигнал да навива за Вашингтон, а тоа не им се допаднал на некои фанови, па се случила физичка пресметка.

Скот минатата сезона постигнуваше по 7,8 поени по меч во дресот на Филаделфија во НБА-лигата, а претходно настапуваше за Лос Анџелес Клиперс, Вашингтон визардс и Атланта хокс.