Корона-криза: На фудбалерите им скрати на плати, па на сопругата ѝ купи – Бентли!?

Голем скандал го стресе Бормут, порнаешниот премиерлигаш, сега член на Чемпионшип, откако директорот на клубот најавил дека поради корона-кризата ќе мора да се намалат платите за да се издржи финансискиот притисок во овој период, кога нема заработувачка од влезници.

Стручниот штаб и фудбалерите се согласиле на кратење на платата, Бормут поради финансиската криза во која се најде, аплицираше и доби државна помош, но на крајот директорот Нил Блејк направи грешка која сите ги запрепасти. На својата сопруга Алесија ѝ купи Бентли како божиќен подарок вреден 155 илјади фунти.

Никој не знаел за Бентлито, додека Русинката не се пофалила на социјалните мрежи, по што експлодирало незадоволството, а навивачите знеснаа, па почнаа гневни да го напаѓаат директорот, потенцирајќи дека корона-кризата не е иста за сите – за едни нема пари, ама за други носи и Бентли.

Газда на Бормут е Русинот, Максим Демин, кој откако дојде во клубот во 2013 година за 876 отсто ги зголемил платите во клубот, па навивачите сега се плашат дека сето ова да не биде преголем залак за банкрот, ако кризата продолжи.

Бормут моментно е втор во Чемпионшип со добри шанси да се врати во Премиерлигата после само една година од испаѓањето.