Кога љубовта кон омилениот тим е „болест“: Навивач нема пари за билет, па виси на – ограда (ФОТО)

Понекогаш тешко е разбирлива фудбалската страст и љубовта кон омилениот клуб. За многумина тоа е „неизлечива болест“, ама за фудбалските фанатици не постои пречка за да се гледа својот клуб. И најубав доказ за тоа е еден Романец.

Навивач е на Рапид Букурешт, кој игра во втората лига. Навивачов нема пари за да купи билет и да го гледа мечот, па единствено решение е да се снајде како знае и умее, за да го проследи мечот. И без проблем се испентари на оградата, висејќи час и половина за да биде дел од спектаклот.