Кандидат за глупост на годината: Удри полицаец по задник, па доби кривична пријава! (ВИДЕО)

Една од најголемите ѕвезди во НФЛ лигата, Одел Бекам Јуниор, се најде во неволја, откако играчот на Кливленд Браунс го удри по задник еден полицаец кој го обезбедуваше неговиот поранешен тим ЛСУ и Универзитетот Климсон.

Бекам лудуваше поради победата на својот тим, влезе во соблекувалната и го удри одзади полицаецот кој зборуваше со играчите на ЛСУ.

Против него е покрената кривична пријава, а му се заканува и казна затвор во времетраење од шест месеци.

Исто така Бекам по натпреварот им делеше пари на играчите за победата, што исто така е забрането според тамошната лига, но адвокатите од колеџот на ЛСУ тврдат дека парите биле, наводно, лажни.