Камавинга стана манекен и ги згрози фановите со неговата облека (ВИДЕО)

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, се појави во средата на модна писта на претставување на новата колекција на познатиот бренд „Баленсијага“.

Французинот стана прв фудбалер во историјата на брендот кој ја носел нивната облека на модна писта, но неговите фанови не беа среќни со тоа што го забележаа на Камавинга.

Камавинга го засили Реал Мадрид за 30 милиони евра и во првата сезона со тимот ја освои Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ).