Како Роналдо се снаоѓа во улога на крадец?! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо и неговите репрезентативни соиграчи се во одлично расположение, а за тоа најдобро говори последното видео од собирот во националниот тим на Португалија.

Португалија ја победи Литванија со 6-0 со хет-трик на Роналдо во четвртокот, а ќе имаат шанса да го потврдат второто место и пласманот на Европското првенство против селекцијата на Луксембург.

И додека се подготвуваат за последниот натпревар од квалификациите за ЕУРО, Роналдо и соиграчите се релаксираат, го трошар своето време во прошетки, а ѕвездата на Јувентус во еден момент реши да одклуми крадец.

Роналдо се приближи до автомобил и го зеде мобилниот телефон на едно лице кое седеше внатре, но наскоро го врати, а сите само слатко се изнасмеаја.