Како изгледа навивање на фудбал по ковид-протокол во Унгарија? (ФОТО)

Бундеслигата беше прва од топ-5 лигите во светот, која продолжи со своето натпреварување, но дуелите се играат пред празни трибини и тоа изгледа морничаво на моменти, а има влијание и врз резултатите на домашните екипи бидејќи ја немаат потребната поддршка.

Унгарија ги отвори трибините за навивачите и конечно тие може да ги посетат натпреварите на нивните омилени тимови, а на социјалните мрежи се појави фотографија од тоа како изгледа навивањето по ковид-протоколот.

Меѓу сите навивачи има одредено растојание на стадионите за да не дојдат во контакт.