Тео Гутиерез не е повеќе дел од колумбискиот тим Атлетико јуниор, не затоа што дава голови, туку затоа што сака да поентира таму каде што не треба.

Гутиерез многу ја бендисал сопругата на соиграчот Роберто Овелар, сексипилната Гладис, па почнал да и се додворува.

„Погледни каква порака ми прати твојот соиграч“, веднаш му рекла Гладис на својот сопруг.

Овој отишол во клубот и им раскажал на челните луѓе, а тие реагирале, па Гутиерез ќе си ги пакува куферите од јануари.