Клаудија Романи поради положените испити е фудбалски судија, но на сите им е јасно дека Италијанката повеќе ужива во шоу-бизнисот, отколку во фудбалот.

Плејбој зајачицата може да суди во италијанската Серија Ц, но никогаш не сме ја виделе на фудбалскиот терен.

Иако пред три ипол години кажа дека ќе престане да се занимава со манекенство и ќе премине на фудбал, сепак Клаудија продолжи да ги воодушевува мажите со своите фотографии.

Американските медиуми пишуваат дека многу од нив „збеснале“ кога ја забележале Клаудија на плажа во Мајами, каде што се фотографирала.