Историјата се повторува: Ванда е во брак со Икарди, но си нашла помлад љубовник?

Атрактивната Ванда Нара неодамна најави дека ќе се раздели со аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди, иако тој вчера објави две фотографии преку кои најави дека брачниот пар се смирил, но сепак најновите информации на медиумите покажуваат дека тоа не е вистина.

Ванда наводно е во љубовна врска со 24-годишниот Мартин Пајерo, кој во моментов игра за Бока јуниорс, откако претходно промени неколку тимови.

Сопругата на Икарди била забележана во ноќен клуб со Пајеро, и тоа во прегратка, па тоа беше доволно за да почнат шпекулациите за љубовна афера.

Интересно е тоа што на некој начин се повторува историјата затоа што Ванда го остави Макси Лопез и почна врска со помладиот Икарди, а сега нешто слично му прави и на аргентинскиот напаѓач.