Интер објави нов специјален дрес за да го истакне новото лого (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Интер денеска во соработка со „Најк“ промовираше нов специјален дрес со кој ќе се прослави менувањето на клупскиот грб. 

Дресот нема да го носат фудбалерите на Интер на официјални натпревари, туку само ќе се продава за навивачите во клупската продавница, а ќе го има и на видеоиграта „ФИФА“.