Икарди одговори на најавите дека се разведува – не знам кого повеќе да жалам!

Аргентинската ѕвезда Мауро Икарди не чекаше многу откако беше објавено дека неговата сопруга Ванда Нара, која истовремено му е менаџерка, се разведува од него во бурниот период во кој вторпат се појавуваат информации за разделба на контроверзниот пар.

Икарди и Ванда се во брак од 2014 година, откако тој му ја украде сопругата на својот најдобар пријател Макси Лопез и имаат две деца, а од претходниот брак со Макси, Ванда има уште три деца. За развод се зборуваше уште лани, после аферата која Ванда ја отклрила на својот сопруг со аргентинска актерка, но брзо целата бура се смири, иако таа со децата во еден краток период си замина од Париз.

„Не знам кого повеќе да жалам, дали тие што измислуваат вакви приказни за мојот живот или тие што веруваат во вакви глупости“, објави Икарди.