Ибрахимовиќ е тотално луд: Во соблекувална пуштил Халид Бешлиќ и пее „Београѓанка“ (ВИДЕО)

Шведската суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ остана во ЛА Галакси, за кој имаше извонредна деби сезона со 22 гола и седум асистенции во 27 мечеви, па сега егоцентрикот се подготвува за старт на новата сезона и не може, а да не направи – спектакл.

Ибрахимовиќ е главен во соблекувалната, па останатите мора да го „трпат“. Дури и ако им пушти песна од Халид Бешлиќ, која соиграчите повеќе од сигурно ниту ја чуле, ниту пак имаат поим што пее легендарниот пејач. Песната е стар хит на Бешлиќ, „Београѓанка“, а очигледно Ибрахимовиќ е голем фан на овој пејач.

Златан освен што уживаше во песната, дури ги потпевнуваше стиховите додека се облекуваше во соблекувалната.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Back to business @lagalaxy

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on