Хулиганот кој го погоди Паје си доби - жешка шлаканица! (ВИДЕО)

Дербито меѓу Лион и Олимпик Марсеј беше прекинато во осмата минута затоа што еден од домашните навивачи со шише го погоди Димитри Паје директно в лице.

Паје сакаше да изведе корнер од левата страна, а во моментот кога ја местеше топката, доби шише и мораше да му помогне медицинската екипа.

Интересно е тоа што полицијата веднаш го откри навивачот кој го фрли шишето и го изнесе од стадионот, но претходно лидерот на навивачите на Лион беше бесен поради инцидентот и реши да му одржи лекција на хулиганот, па му удри жешка шлаканица.