Хулигани на Андерлехт го гаѓаа Мињоле, па Компани им се спротистави (ВИДЕО)

Навивачите на Андерлехт го нападнаа голманот на Клуб Бриж, Симон Мињоле, а тоа го налути капитенот Винсент Компани.

Андерлехт загуби од Бриж со 1-2 со гол во самиот финиш на мечот, по кој навивачите го нападнаа Мињоле.

Тогаш капитенот Компани храбро тргна кон своите ултраси и им се спротистави, откако одржа говор и покажа дека така не се поддржува клубот.

Хулиганите го гледаа зачудено, а Компани потоа го врати Мињоле меѓу стативите на голот.