Хулиган со факел му го гори лицето на друг навивач пред српското дерби (ВИДЕО)

Навивачите на Црвена Звезда и Партизан се пресметаа пред вечното дерби низ улиците на Белград, а се појави една морничава снимка, која покажува колку големо беше навивачкото лудило.

Во Белград се случи жестока тепачка и полицијата мораше да ги брка хулиганите на двете страни, а при брканицата еден хулиган се обида да му го изгори лицето на друг навивач.

Исто така, еден од полицајците беше погоден со еден предмет во главата.